Македонската фудбалска репрезентација напредуваше 13-ет места на најновата ФИФА ранг листа.
„Рисовите“ со 340 поени се наоѓаат на 99-та позиција и го поправија најлошиот пласман, кој го имаше репрезентацијата во септември.
Победата против Луксембуг 3-2 во втората рунда од квалификациите беше двигател на напредок на најновата ранг листа.
На врвот нема промени и првопласирана е селекцијата на Германија потоа следуваат Аргентина, Колумбија, Белгија и Холандија.
Мх.П.