Охриѓанецот Сашо Максимоски-Карпуз имаше успешен настап на пикадо турнирот во Германија на кој учествуваа 882 пикадо мајстори од целиот свет.


Играчите на турнирот во Германија каде главна награда изнесуваше 19 000 евра беа поделени по групи, а Максимоски во својата група стигна до финалето без изгубена партија.


По драматичен дуел во финалето охриѓанецот претрпе пораз 4-3 во партии и не успеа да се бори за големата награда, а ќе заврши меѓу 60-то и 120-то место на турнирот.


Максимоски е максимално задоволен од својот учинок и најавува ново учество на турнир со уште поквалитетни пикадо мајстори. На почетокот од пикадо авантурите Максимоски се наоѓаше на 2556-то место на ранг листата, а по четири одиграни турнири се спушти на 779-то место.

OhridNews