Бодовите кои требаше да и бидат вкалкулирани на Македонија по победата над Данска во февруари, ќе и бидат во март. Со тие бодови Македонија ќе има скок од пет места и ќе се најде на 73-то место на ФИФА ранг листата.

Избраниците на селекторот Чедомир Јаневски за само два месеци имаа напредок од седум места, а претходно Македонија имаше неверојатен скок од 20 места на рејтинг листата.

Следни предизвици на Македонија во квалификацискиот циклус за мундијалот во Бразил 2014 година е селекцијата на Белгија, која заедно со Хрватска се водечки репрезентации во групата.

Мх.П.