На интернет се појави Скинбук, односно социјална мрежа за нудисти и натуралисти. До сега му се приклучиле 6000 луѓе, а креаторите се надеваат дека наскоро ќе станат конкуренција на Фејсбук. И Скинбук нуди склопување пријателства, како и објавување на фотографии и видеа.
Карл Медокс, еден од креаторите вели дека сака да ги охрабри луѓето кои не се баш горди на своето тело. Страната се појавила минатата година додека некои студенти од Манчестер по летувањето на нудистичка плажа започнале да разменуваат искуства.