Скијањето ќе остане без својата најубава преставничка, откако Американката Линдзи Вон најави дека оваа сезона ќе и биде последна во професионалната кариера. Вон пред почетокот на последната сезона посакува да ја заврши без повреди.
- Ова ќе биде последна моја сезона во кариерата. Единствено посакувам да ме прати здравјето, бидејќи само тогаш ќе кажам дека сум завршила успешно. – напиша Американката на своите официјални профили на социјалните мрежи.
33-годишната скијачка има 82 победи во трките од Светскиот и четири пати го освојувала големиот кристален глобус, а повредите на коленото ја спречија во целост да го покаже својот квалитет.
OhridNews