Сигурносните скенери визуелно ќе ги разголуваат патниците во аеродромите во САД. Новиот сигурносен систем ќе ги снима патниците и ќе проектира тродимензионална слика на телата без облека. Ќе може да се идентифицира метал, пластика, керамика, хемиски материјали и експлозив. Сликата ќе биде толку детална и ќе можат да се гледаат половите органи.


Сепак, патниците нема да бидат целосно посрамотени бидејќи скенерот ќе им ги замаглува лицата. Исто така снимките е невозможно да се зачуваат во меморија за вработените да не ги злоупотребуваат за сопствено задоволство.