Победа и пораз за македонската футсал репрезентација на двомечот со Либија, 13 на последното светско првенство. Во шестиот дуел Македонија ја забележа првата победа во меѓусебните средби.
– На вториот меч го покажавме вистинското лице и квалитет. Одигравме сериозно одговорно и тактички многу зрело. Уште на почетокот го изненадивме противникот со два брзи гола и тоа го реши победникот иако Либија играше добро бодрена од бројната домашна публика. – рече селекторот Скендеровски кој истакна дека победата над Либија е највредниот резултат на оваа генерација фудбалери.
Македонија кон крајот на февруари во Полска ќе игра во квалификациите за ЕП 2012 година во Хрватска. Покрај домаќинот во групата уште се и Португалија и Белорусија .
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com