Скелет на тираносаурус-рекс, вид диносаурус што живеел пред 67 милиони години, во Швајцарија на 18 април, ќе биде ставен на аукција, објави аукциската куќа „Колер“.
Т-рексот наречен „Тринити“, целосен примерок со речиси 3,9 метри височина и 11,6 метри должина, според каталогот на куќата со седиште во Цирих, е проценет меѓу 6,11 и 8,15 милиони евра. Меѓутоа, според наводите, скелетот е составен од повеќе делови од различни Т-рекс фосили најдени меѓу 2008 и 2013 година во сојузните држави Монтана и Вајоминг во САД.
„’Тринити’ е еден од поспектакуларните постоечки Т-рекс скелети, добро сочуван и извонредно реставриран фосил“, се вели во соопштението.
Ова ќе биде „третпат во светот и првпат во Европа“ скелет на тираносаурус-рекс да биде ставен на продажба, објави „Колер“, од каде што уверуваат во реткиот квалитет на скелетот.
OhridNews