Многумина се изненадиле кога Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс објавиле дека се разведуваат по само две години брак. Тврделе дека бракот им пател поради работните обврски поради кои многу ретко се гледале.
Ако може да им се верува на американските медиуми, Скарлет утеха веќе пронашла, и тоа во постар човек, актерот Шон Пен кој има 50 години. Изворот тврдел дека парот се гледал уште од почетокот на годинава, кога Скарлет објавила дека се разведува. Имено првиот нивни состанок бил во бунгаловот на Скарлет додека таа го снимала филмот ‘We Bought a Zoo’ заедно со Мет Дејмон.