Актерката Скарлет Јохансон, која се разведува од колегата Рајан Рејнолдс, а неодамна имаше кратка авантура со Шон Пен, сега пронашла нова мета. Станува збор за пејачот и актер Џастин Тимберлејк. Откако ја прекинала врската со Шон Пен, со кого беше неколку седмици, била видена во друштво на Џастин во еден клуб во Њујорк.
Според зборовите на очевидците, Скарлет и пејачот разменувале нежности во клубот, а потоа се упатиле кон станот на Џастин Тимберлејк. Еден од посетителите на клубот изјавил дека биле многу блиски и не посветувале внимание на пријателите кои биле со нив. Можеби оваа врска на Скарлет ќе биде поуспешна од онаа со Пен, која не наиде на одобрување кај нејзиното семејство поради разликата во годините.