Прекрасната актерка Скарлет Јохансон три години по објавувањето на соло албумот ќе сними песна и тоа со популарната група „Massive Attack“. Скарлет и „Massive Attack“ песната ќе ја снимат како насловна нумера за еден филм.


Пред три години Скарлет снимила албум на кој обработила песни од Том Вејтс, а неодамна снимила песна и за еден документарен филм. Сега е во студиото со популарниот бенд како би снимиле песна за филмот “Days of Grace”.