Скарлет Јохансон на свет донела ќерка. Нејзиниот портпарол Марсел Паризо потврдил дека актерката и нејзиниот вереник Ромен Доријак станале родители. Скарлет се породила во Њујорк, а на девојчето му дале име Роуз Дороти. Паризо рекол дека и мајката и детето се добро.

Американската актерка и поранешниот француски новинар се вериле во септември минатата година, а шест месеци подоцна медиумите објавиле дека Скарлет е бремена. Таа никогаш не го криела својот стомак, но никогаш во јавноста не ја коментирала својата бременост. Русокосата холивудска убавица, која четири пати била номинирана за наградата Златен Глобус, претходно била омажена за канадскиот актер Рајан Рејнолдс.