Актерката во интевју за „Vanity Fair“ признала дека своите разголени фотографии, кои неодамна се појавиле на интернет, ги испраќала на сега веќе поранешниот сопруг Рајан Рејнолдс, од кој се развела на крајот од минатата година. Актерката, чии фотографии биле снимени пред три години, рекла дека нема ништо лошо во тоа и додала дека се кренала толкава прашина како да снимила порно филм.
Актерката во интервјуто проговорила и за разводот од актерот. Изјавила дека не знаела што да прави со самата себе и дека ништо не ја интересирало. Додала дека и било многу тешко. Откако побарала помош од ФБИ како би дознала кој и го хакирал мобилниот телефон, уапсен бил Кристофер Чени. Му се суди за 26 случаи за хакирање и кражба на идентитет, па му се заканува затворска казна од 121 година. Тој подоцна се извинал и рекол дека тоа што го направил бил еден од најлошите можни начини за откривање на нечија приватност и интимност.