Познатата холвудска актерка Скарлет Јохансон дала интервју во кое се обидела да ги објасни причините поради кои ставила точка на нејзиниот брак со Рајан Рејнолдс. Рекла дека после долго размислување одлучиле да го окончаат бракот. Најголема причина било тоа што не минувале доволно време заедно. Убавата актерка рекла уште и дека е неопхпдно на една врска да и се пристапи без некакви комплекси.


Не е лесно секогаш да се пронајде вистинската личност во вистинско време. Додала дека е важно луѓето претходно да со средат својот живот пред да уклучат во него уште некој. Таа открила и дали нешто ќе промени во својот емотивен живот по разводот. Рекла дека потребата за честа промена на партнерот е во човечката природа. Таа тоа можела да го свати, но бидејќи била конзервативна не ги прифаќала инстант врските и сескот за една ноќ. Во таква врска би била очајна. Рекла дека не можат сите луѓе да бидат верни, но и дека постојат многу кои се баш такви.