Скарлет Јохансон не ја тргала насмевката од лицето додека снимала реклама за шампањското „Моет“, така да на фотографиите едноставно блескала. Скарлет позирала во женствени фустани кои го нагласувале деколтето, а во ведар амбиент покажала колку нејзината појава зрачи со сексипил.
Провокативните фотографии ги снимил британскиот фотограф Тим Вокер. Изгледа дека младата актерка го преболела разводот или дека и олеснало откако ја извреѓала својата колешка Сандра Булок, кога започнале да кружат гласините дека се гледа со Рајан Rејнолдс, доскорешниот сопруг на Скарлет. Како и да е, Скарлет повторно плени со својата убавина.