Американското списание Есквајер, како и пред седум години, повторно ја прогласило актерката Скарлет Јохансон за најсексипилна жена на светот. Филмската ѕвезда која има 28 години е првата жена која оваа ласкава титула ја освоила два пати. По тој повод изјавила дека дека мора уште малку да ужива во таа улога, бидејќи наскоро ќе и нудат само улоги на мајки.

Младата актерка неодамна ја објавила веридбата за поранешниот француски новинар Ромен Доријак, за кој рекла дека е по малку љубоморен. Во шега навела дека тоа оди во пакет со французинот. Тоа ќе биде нејзин втор брак по разводот од Рајан Рејнолдс во 2010 година. Минатата година за најсексипилна жена била избарана Мила Кунис.