Обожавателите на ликот и делото Скарлет Јохансон имаат прекрасна можност да видат фотографии на потполно голата актерка во улогата на вонземјанка. Инаку, “Under The Skin” е првиот филм во кој оваа американска актерка се појавува потполно гола. Режисерот Џонатан Глејзер успеал нешто што не успеал никој пред него, да ја соблече Скарлет до крај.

Имено, за потребите на улогата во неговиот научнофантастичен филм “Under The Skin”, сексипилната американска актерка морала да се снимака „како од мајка родена“. фотографиите „волшебно“ се појавиле на интернет, па нејзините фанови добиле можност да видат како сето тоа изгледа пред филмот да се појави во кината. Таа за време на снимањето изјавила дека поради улогата многу сцени снимала без облека, бидејќи вонземјанката речиси секогаш е гола, додека оди, стои, лежи во кревет, кога ја менува бојата на кожата и кога заведува мажи. Меѓутоа, според неа, голотијата благодарение на режисеро била прикажана многу природно.