Скарлет Јохансон би требало да добие оштета во висина од речиси 70 илјади долари, бидејќи нејзините фотографии на кои е потполно гола, се појавиле на интернет. Фотографиите од нејзиниот приватен компјутер ги хакирал Кристофер Чејни. Американската актерка го тужела Чејни по основа дека и била загрозена приватноста. Истиот хакер го провалил компјутерот и на пејачката Кристина Агилера.

Меѓутоа износот кој го добила Агилера е значително помал и изнесува 7500 долари. Познатиот хакер овој пат најверојатно ќе заврши во затвор, а би требало да добие казна во траење од 71 месец. Досега хакирал 51 позната личност.