Гласините за врската на Сандра Булок и Рајан Рејнолдс воопшто не и се допаднале на Скарлет Јохансон. Иако Скарлет и Рајан објавиле дека се разведуваат бидејќи нивниот брак повеќе не функционирал поради бројните снимања, актерката разводот сеуште не го преболела. Скарлет максимално се труди да ја сокрие својата приватност, па за две години брак со Рејнолдс успеале да ги фотографираат заедно само неколку пати.
Само месец дена по прекинувањето, Рајан се фотографирал со Сандра Булок за дочекот на новата година. Имено се воспоставило дека тие заедно ја дочекале најлудата ноќ. После тоа почнале да кружат гласини за нивна љубовна врска, кои тие ги демантирале. Сандра нагласила дека се само добри пријатели