Позната е по тоа што не зборува многу за својот љубовен живот, меѓутоа Скарлет Јохансон го отворила срцето во новото издание на американското списание “Marie Claire”. Акерката потврдила дека е во врска со французинот Ромен Доријак, менаџер на една креативна агенција и поранешен уредник на француското списание “Clark” за андерграунд урбана уметност.
Меѓутоа, актерката демантирала дека и верена иако на прстот од левата рака носи прстен со круковиден дијамант. Во 2010 се развела од сопругот Рајан Рејнолдс, кој минатиот септември се оженил со колешката Блејк Лајвли. Скарлет вели дека единствена работа која не може да ја толерира во врските е љубоморното однесување. Актерката открила и дека не ги поднесува друштвените мрежи.