Згодната и талентирана актерка Скарлет Јохансон не добила улога во филмот „Мажи кои мрзат жени“, бидејќи режисерот мислел дека таа е премногу атрактивна. Иако на аудицијата младата актерка била перфектна, главната улога ја добила Руни Мара, бидејќи режисерот Дејвид Финчер мислел дека со Скарлет Јохансон луѓето само би чекале да ја соблече облеката од себе.
Тој изјавил дека аудицијата била одлична. Се појавиле луѓе од целиот свет. Според него некои биле неверојатно добри, а Скарлет Јохансон била сјајна, но била премногу атрактивна и поради тоа не би можела да го долови ликот на главниот јунак. Пред да ја види Руни Мара, тој мислел дека никогаш нема да пронајде актерка за насловната улога.