Славната актерка Скарлет Јохансон денес го прослави својот 30. роденден. Многумина го фалат нејзиниот актерски талент, а нејзините женствени гради допринесуваат за целокупниот впечаток за оваа млада ѕвезда. Таа е убавица која е горда на својот изглед, а често била и прогласувана за најсекси жена на светот. Неодамна британскиот пластичен хирург Патрик Малучи осмислил формула со кој ги пресметал најидеалните гради кај славните убавици. На таа листа на првото место била токму оваа американска убавица.
Скарлет пред два месеци го родила своето прво дете, а со вереникот Ромеин Дуриак планира да купи куќа во Лос Анџелес. Така, засега ова тричлено семејство, ќе живее на релација Америка – Европа, бидејќи тој е французин. Многумина и предвидуваат уште поуспешна актерка кариета, а мажите ширум светот воздивнуваат по неа.