Според старите грчки „Златни правила“, Скарлет Јохансон има најсовршена фигура на светот. Старите грци тврделе дека тие пропорции се идеални не само за женската фигура, туку за сите нешта кои тежат кон совршенство. Мерките на градите, струкот и колковите на оваа прекрасна актерка покажуваат дека навистина е близу до совршенство, дури 964 проценти.
Скарлет така се најде пред Ким Кардашиан која се наоѓа на второто место со 96,3 проценти идеални линии. Она што е интересно е фактот дека третото место на оваа листа не го зазеде некоја млада манекенка, туку славната 69-годишна актерка Хелен Мирен. Таа со 95,6 проценти совршени пропорции зад себе ги остави Мерлин Монро и Рита Ора.