Скарлет Јохансон минатата година со ликот на Црната вдовица во филмот „Осветници“ заработила 20 милиони долари. Со тоа станала наплатена актерка на сите времиња и добила своја ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд. Младата ѕвезда со данско-полски корени се нашла во една од најпознатите филмски сцени и направила одлична работа глумејќи во филмот „Хичкок“ во легендарната сцена кога е гола под туш.

Прв пат во филмовите се појавила во 1994 година во филмот „Север“, а веќе следниот филм „Шептач на коњи“ и донел пофалби, углед и многу признанија. Во 2003 година била многу успешна и била номинирана за Златен глобус за два филма истовремено, што е голема реткост на еден актер во иста година, а тоа биле филмовите „Девојката со златна обетка“ и „Изгубено во преводот“. Моментално е во врска со францускиот новинар Ромаин Дуриак.