Иако не сакаат да ја потврдат врската за која кружат гласини веќе подолго време, фотографите успеале да ги уловат Шон Пен и Скарлет Јохансон на заеднички ручек. Прот не забележал дека ги фотографираат па поприлично се опуштиле. Актерката своите нозе ги ставила во скутот на актерот, а тој цело време вљубено ја гледал. Парот бил снимен во понеделникот во еден ресторан во Лос Анџелес.


Сведоците рекле дека било видливо како двајцата уживаат во времето поминато заедно, а кога го напуштале ресторанот, сметката ја платила Скарлет. Таа и Шон се појавиле и на забавата на Мадона во чест на доделувањето на оскарите минатата недела, но биле внимателни и не комуницирале многу. Нивното дружење започнало за време на снимањето на последниот филм на Јохансон.