Скарлет Јохансон е веќе месец дена во брачни води со актерот Рајан Рејнолдс, а веќе и е занишана верата во моногамија.
Младата Скарлет вели дека на актерите им е посебно тешко да останат верни во врската, бидејќи многу патуваат и често запознаваат многу луѓе.
„Потребно е да се вложи многу труд“, изјавила Скарлет, но додава дека и не сака да биде во врска која не бара многу труд.
Дали многубројните разводи на холивудските парови ја навеле на гласно размислување околу “шарањето“, засега можеме само да погодуваме.