Познатата холивудска убавица Скарлет Јохансон моментално ужива во животот. Неодамна објавила дека го чека своето прво дете, а пред шест месеци се верила за францускиот новинар Роман Дуриак. Убавата актерка претходно беше во брак со колегата Рајан Рејнолдс, но се разделиле после три години брак. После разводот била во минливи врски, а дури во врската со французинот ја пронашла својата среќа. За списанието Гламур открила дека дури сега знае што всушност сака.

Таа објаснила дека дури сега знае што сака од животот и што и треба во животот. Работела на комуникацијата, не само со партнерот, туку и со самата себе. Кога е во прашање нејзиниот поранешен сопруг, вели дека можеби проблемот не бил толку во него и во нивниот брак, туку во состојбата во која била во тој период од животот. Иако стомакот и е се поголем, убавата Скарлет ќе глуми во два филма, ‘The Avengers: Age of Ultron’ и ‘Marvel’.