Актерката Скарлет Јохансон се се испроба како режисер во филмската адаптација на романот на Труман Капоте со наслов “Summer Crossing”, пренеле медиумите. Книгата раскажува за 18-годишна девојка која живее во повоениот Њујорк и која се обидува да се ослободи од конзервативните ограничувања на своите родители како би ги истражила својот идентитет и сексуалност.
Капоте овој роман го напишал во доцните четириесетти години, но подоцна, незадоволен од својата работа, тврдел дека го уништил ракописот. Романот бил пронајден 50 години подоцна и бил објавен во 2005 година.