Американската актерка Скарлет Јохансон би можела да ја игра некогашната прва дама на САД Хилари Клинтон во биографскиот филм „Родам“, пренесуваат медиумите. Во трката за главната улога уште се и актерките Рис Витерспун, Аманда Сејфрид и Џесика Честејн. Филмот ќе се занимава со почетоците на кариерата на Хилари и нејзината венчавка со Бил Клинтон.
Сценаристот Јанг Ил Ким објаснил дека филмот е „пат на жената која е распната помеѓу личните желби и професионалните амбиции“. Режисер на филмот е Џон Понстолд, а филмот би требало во кината да се појави во 2016 година.