Холивудската актерка Скарлет Јохансон се припрема за улогата на Џенет Ли во филм за снимањето на прочуениот хорор на Хичкок „Психо“. Атрактивната актерка ќе се најде во улога на легендарната актерка која ја играла главната улога во класикот „Психо“. Новата драма ќе ги прикаже случките зад екранот на снимањето на популарниот хорор, а легендарниот Хичкок ќе го глуми Ентони Хопкинс.

Во новото остварување ќе се појави уште и Хелен Мирен, во улогата на сопругата на режисерот, Алма Ревил. „Психо“ е еден од најзначајните филмови во историјата на кинематографијата. Една од најпознатите филмски сцени од филмот е онаа во која Норман Бејтс (Ентони Перкинс), кој глуми убиец опседнат со својата мајка, ја убива Мерион (Џенет Ли) додека таа се тушира.