Дваесет и девет годишната глумица јавно проговори за својот стил на шминкање.  Во интервју за elle.com, славната Јохансон наброила 4 трикови за шармантен изглед и  открила  дека секогаш во својата ташна носи црвен кармин  и крема за лице.

1.    Секси поглед
Јохансон обожава т.н  „smokey “  израз на очите.
-Го сакам тој контраст помеѓу ладните тонови на сивата и сината боја, комбинирано со црн туш за очи. Водете сметка вашата четкичка за нанесување сенка да биде сува за да изгледате поприродно или намокрете ја за да добиете поостра линија.– порачала  Јохансон за оние кои сакаат да ги следат нејзините совети за шминкање.

2.    Повеќе е ОК
– Во една прилика додека снимав  кампања за Долче и Габана, соработував со  Пет МекГрет и таа ми ја истапира косата, ми стави изразито црвен кармин и повеќе сенка на очите. Иако дамите го следат  правилото дека ако  ги  истакнувате усните, не треба да доаѓаат толку до израз очите, но не важи секогаш и не мора да се придржуваме на некои митови.– објаснила Јохансон.

3.    Молив за совршени усни
-Обично пред да нанесам кармин , ги оцртувам усните со молив, а избегнувам да користам коректор околу усните, затоа што ја избледува бојата на карминот. – рекла Јохансон.

4.    На црвениот ќилим може да се појавите и со минималистички мејк- ап
-За жал немам секогаш време да одам на стилист за да ме нашминка пред да се појавам на црвениот ќилим. Затоа често се потпирам на мојот вкус и уметност за шминкање и задолжително користам маскара, крема за лице, кармин и руменило.

извор:STORY.HR