Холивудската актерка Скарлет Јохансон се опоравува по двогодинешниот брак со Рајан Рејнолдс така што почнала да излегува со комичарот Џејсон Судокс. Таа се повеќе време минува во негово друштво, а неодамна биле видени како цела ноќ се забавуваат во клубот “Father’s Office”. Неименуван гостин на клубот изјавил дека дефинитивно изгледале како да се заедно, флертувале и во еден момент комичарот ја фатил Скарлет за раката.
Земајќи во предвид дека и комичарот минатата седмица раскинал со актерката Џенуари Џонс, можеби само се спријателиле за што полесно да ги поднесат прекинувањата на нивните врски. Бидејќи сите кои ги виделе рекле дека се работи за нова романса, реагирал и портпаролот на актерката, кој изјавил дека Скарлет е слободна и дека станува збор за пријателско дружење.