Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс се разделуваат по две години брак, стои во нивното заедничко соопштение за медиумите. По долго размислување и разгледување на ситуацијата во која се нашле, заедно одлучиле дека најдобро би било да стават крај на бракот. Врската ја започнале со многу љубов и се разделуваат на истиот начин.
Скарлет се омажила за Рејнолдс 2008 година. Канаѓанецот, кој исто така е актер, претходно бил верен за пејачката Аланис Морисет. Како главна причина за нивниот развод се споменува фактот што мошне често се разделени додека ги снимаат своите филмови. Рајан претходно бил прогласен за најсекси маж според списанието „Пипл“.