Иако се развеле минатото лето после три години брак, Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс дури сега одлучиле да ја продадат својата вила во Лос Анџелес. Луксузната куќа со две спални соби и три тоалети била понудена на продажба по цена од 3,6 милиони долари, додека во 2010 славниот пар ја платил 2,9 милиони. Куќата се наоѓа во фенси делот на градот Лос Фелиз, и поседува голем базен со солена вода од кој има прекрасен поглед на градот.

Во луксузната вила има многу старински детали, како камин од цигли и плафон од дрво, кои се искомбинирани со мебел од модерен дизајн. Да потсетиме, само еден месец откако Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс објавиле дека се разведуваат, актерот влегол во врска со младата актерка Блејк Лајвли.