Рајан Рејнолдс и сопругата Скарлет Јохансон се сретнале во холивудскиот ресторан „The Little Door“. Иако пред месец дена поднеле барање за развод, парот наводно одлучил да си даде уште една шанса. Еден од вработените во ресторанот рекол дека изгледале многу заљубено. Разговарале и се смешкале. Воопшто не изгледало дека наскоро ќе се разведат.
Како би ги избегнале погледите на останатите гости во ресторанот, парот ресторанот го напуштил излегувајќи од задната врата. Неодамна медиумите го поврзувале Рајан Рејнолдс со неговата пријателка Сандра Булок.