Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс и официјално се развеле, а минатата седмица се договориле дека својот имот стекнат во бракот рамноправно ќе го поделат. Во документите кои ги потпишале биле наведени и некои други ситници на кои обајцата без поголеми проблеми се согласиле.


Парот на крајот на минатата година објавил дека се разведува по две години брак, а навеле дека нивниот однос не бил нарушен од некое трето лице. Набрзо откако се одселила од заедничкиот дом Скарлет се впуштила во врска со проблематичниот Шон Пен, а неодамна се појавиле информации дека раскинала и со него.