Актерскиот пар Скарлет Јохансон и Бредли Купер биле видени во ресторанот „Бел Ер“, а очевидци тврдат дека хемијата помеѓу нив била очигледна. Скарлет и десет години постариот актер со кој играла во филмот “He’s Just Not That Into You” биле на вечера исполнета со флерт, пренеле медиумите.
Извор кој бил во ресторанот рекол дека им било убаво заедно, и очигледно си се допаѓале. Бредли изгледал како да е маѓепсан од нејзината убавина, посебно што таа носела кратко фустанче и била многу шармантна. Бредли неодамна бил прогласен за најсексипилен маж на светот од страна на списанието „Пипл“, а бил во врска со Рене Зелвегер и Зое Салдана.