Иако стомакот и е благо заоблен, деколтето и е побујно од било кога досега. Било како русокоса, црнка или смеѓокоса, сексипилната Скарлет Јохансон мами погледи од почетокот на филмската кариера, а со појавувањето на премиерата на филмот “Captain America: The Winter Soldier” во Лос Анџелес, атрактивната актерка покажала дека изгледа прекрасно. На црвениот тепих се појавила во црна сукња и чипкаста бела кошула, ставајќи своите атрибути во прв план.
Сосема благо заоблениот стомак почна да ги покажува знаците на бременоста, поради кои градите и се побујни отколку што навикнавме. Холивудската убавица го чека првото дете со вереникот, францускиот новинар Роман Доријак. Претходно три години била во брак со Рајан Рејнолдс, а сега е во петтиот месец од бременоста. И покрај тоа верениците не размислуваат за свадба.