Според ексклузивни сознанија на списанието „Пипл“, холивудската актерка Скарлет Јохансон го очекува своето прво дете со вереникот Роман Дауријак. Само неколку денови пред оваа информација Скарлет за истото списание признала дека е многу среќна. Таа во таа прилика уште и рекла дека Роман е нејзиниот најдобар пријател.

Иако парот се верил уште кон крајот на летото, актерката вели дека не брза со плановите за свадбата. Таа додава дека со нетрпение очекува да добие потомство. Рекла дека би сакала да има семејство и дека тоа е баш убаво. Велат дека никогаш не е вистинско време и сигурна е дека тоа е точно, но во нејзиниот случај и тоа се планира.