Со заносната фигура, провокативните усни и заводливиот поглед, Скарлет Јохансон со години мами воздишки и буди фантазии кај мажите ширум светот, а сега докажала и дека има „валкани мисли“. Имено, воп интервју за британскиот Мари Клер, актерката изјавила дека нема ништо против порно филмовите. Холивудската убавица, која се наоѓа на топ листата најубави жени на светот, признала дека со партнерот често гледа филмови за возрасни и дека ужива во тоа. Рекла дека во порнографијата, како и во многу други работи може да се ужива. Додала дека може да биде продуктивна и за мажите, но и за жените.
Сепак, Скарлет Јохансон изјавила и дека во гледањето порнографски содржини треба да се има мера. Таа додала дека би била шокирана кога нејзиниот партнер би гледал премногу такви филмови. Таа во август се верила со францускиот новинар Ромен Доријак, со кој се забавувала помалку од една година. Претходно била во брак со актерот Рајан Рејнолдс.