Американската актерка Скарлет Јохансон е добитничка на почесен Цезар, своевиден француски Оскар, кој ќе и биде врачен на 39, доделување на француските филмски награди во Париз. Организаторите објавиле дека 29-годишната ѕвезда, која глумела во филмови на познати режисери како браќата Коен, Брајан де Палма, Кристофер Нолан и Вуди Ален, почесниот Цезар ќе го добие како „голема меѓународна актерка“.
Овогодинешното доделување на најзначајните француски филмски награди ќе се одржи на 28 февруари во Париз, а домаќинка на церемонијата ќе биде белгиската актерка Сесил де Франс. Како што јавуваат француските медиуми, најмногу номинации за овие награди, вкупно десет, вклучувајќи ја и онаа за најдобро остварување, има филмот “Les garcons et Guillaume, a table” на Гијом Галиен.