Актерката Скарлет Јохансон добила своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. Ѕвездата на церемонијата на откривањето на ѕвездата присуствувала во друштво на колегата од филмот „Осветници“ Џереми Ренер.

Била облечена во црно-бела комбинација и изјавила дека кога и кажале дека ќе добие ѕвезда, си рекла самата на себе дека успеала. Додала дека што и да и се случи понатаму зад себе оставила белег. Скарлет Јохансон е позната по многубројните улоги во холивудски остварувања од најразлични жанрови.