Американската актерка Скарлет Јохансон ќе дебитира како режисер во адаптација на првиот роман на Труман Капоте “Summer Crossing”. Претставникот на актерката потврдил во Кан дека таа ќе ја режира филмската адаптација на романот, кој бил објавен дури во 2005, иако бил напишан во 1943 година.
Романот раскажаува за девојка која има 17 години и која на патување во Њујорк во 1945 година се вљубува во работник во паркинг сервис. Следниот вилм во кој ќе се појави Скарлет ќе биде „Дон Џон“, во кој игра заедно со сценаристот и режисер Џозеф Гордон-Левит.