На гостувањето во Штип охриѓани ја забележаа првата победа надвор од „Билјанини Извори“, но, тоа нема ништо да вреди ако повредите на Костантин Вешоски и Крсте Андоновски се покажат сериозни.


Десниот бек и левото крило после натпреварот со штипските ракометари се пожалиле на повреди кои од прв поглед не се воопшто наивни.

– Многу груба игра од страна на домашните ракометари, а судиската двојка максимално ги толерираше. Бодовите се најважни, да, но, што ќе ни вредат тие, ако овие двајца ракометари ги изгубиме за мечевите кои ни доаѓаат – за Ohridnews изјави Горан Андоновски.

Во вондредното шесто коло кое на програмата е в среда Охрид на домашен терен го пречекува конкурентот за високите места на табелата Тинекс Пролет.

„Фенерџијата“ лесен залак за „гладијаторите“

Мх.П.

„Фенерџијата“ лесен залак за „гладијаторите“