Данскиот првак Митиланд, шведскиот преставник Савехов и германскиот тим Турингер се противници на Вардар СЦБТ во втората фаза од Лигата на Шампиони.

Македонскиот женски ракометен првак предводена од Индира Кастратовиќ на клупата има сериозни амбиции сезонава, а тоа го покажаа со освојување на првата позиција во групата каде беа со норвешкиот Ларвик.

Во втората група од втораа фаза ждрепката ги смести словенскиот Крим, Ѓер, Ларвик и Будучност. Првите натпревари се играат на 1 февруари следната година, а за прв пат во женскиот ракомет ќе се игра и „фајнл фор“, кој досега беше практика само во машкиот.

Мх.П.