Кампањата против пушењето различно се спровдува и доживува. Во Турција падана првата жртва поради забраната за пушење во јавни објекти, а оваа мерка различно се применува во Европа.

Најригорозни се скандинавските земји. Така во Шведска од 1 мај 2010 година во општинските служби во главниот град Стокхолм се воведува целосна забрана за пушење. Со забраната се опфатени 45.000 вработени кои  ќе немаат право на паузи за пушење во текот на работното време. Тие ќе можат да запалат цигара во текот на паузата за ручек бидејќи тоа не се смета за дел од работното време.
Шведскиот Инстутут за народно здравје соопшти дека трошоците на работодавачите поради паузите за пушење и поголемото отсуство на пушачите од работните места поради боледувања, изнесуваат во просек меѓу 2.700 и 3.600 евра по вработен пушач. Со воведувањето на новите мерки за забрана градот Стокхолм на вработените пушачи ќе им понуди да се приклучат кон програмите за оставање на цигарите.

И додека Шведска ги заострува мерките против пушењето на Балканот оваа мерка се спроведува балкански, три напред два назад. Пример за тоа е Хрватска која под притискок на јавноста направи измени во законот притив пушењето, со кои повторно се дозволува пушење во угостителските објекти помали од 50 метри квадратни. Во Македонија иако е донесен закон против пушењето во јавни објекти тој не се почитува доследно.

Ohridnews