Победата над Исланд (2:0) и ремито без голови со Норвешка на “Филип Втори“ во  Скопје од квалификациите за СП во 2010 година ја искачија Македонија 11 места на ранг-листата на ФИФА.  “Црвено-жолтите”, предводени од Мирсад Јонуз, во рангирањето за месец јули го заземаат 53. место со 589 бода.


И натаму најдобропласиран од нашите противници во 9. квалификациска група е лидерот на табелата Холандија, која остана во топ 10, но сега едно место подолу, како трета. Пад забележаа и другите наши конкуренти – Шкотска за две места, заземајќи ја 24-та позиција , Норвешка се лизна три скалила – на 50. место , додека Исланд назадуваше едно место и се најде на 93 -то.

ohridnews