Македонскиот фудбал е соочен со најголемиот скандал откако раководството на нашиот фудбалски шампион Работнички реши екипата да не патува за Азербејџан каде на 15-ти јули требаше да го одигра дуелот од 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите против Интер Баку.

Како што пренесува Спортското радио 90,3 Тим-менаџерот на екипата Бобан Бабунски денеска потврдил дека одлуката е донесена и Работнички нема да патува, со што ќе се солидаризира со фудбалерите на Вардар кои беа суспендирани, а од кои Работнички очекуваше помош на овој двомеч.

Ова е еден начин на протест и до крај ќе бидеме коректни со фудбалерите, одлуката е дефинитивна, а санкциите ќе ги сносат одговорните лица.

 
Извор : Спортско радио 90,3