Скандалозен прекин на мечот од второто коло на ракометната Балканијадата која деновиве се игра во Македонија.
На 7 минути пред крајот при резултат 27-23, селекторот на репрезентацијата на Србија, Јовица Цветковиќ, неможејќи спортстки да го издржи поразот, ја повлече од паркетот својата репрезентација.
Причина за повлекувањето, го наведуваат тенденциозното судење.
Што се однесува до натпреварот. Љубителите на ракометот во преполната сала 25 Мај во Велес имаа можност да уживаат во мајсториите на најдобриот европски стрелец Кире Лазаров кој постигна 9 гола.
Мечот поради повреда предвреме го заврши пивотменот Ванчо Димоски.
Наредниот натпревар на Македонската репрезентација е утре во Кале против Бих во 17.45 минути.