Скандал се случил на отворањето на неодамна одржаниот туристички саем во Софија каде наместо уставното име Република Македонија под кое Бугарија ја има признато нашава земја, на штандот на кој требало да се претстaви државава пишувало ФИРОМ. По контактите на Хотелската асоцијалција  со македонскиот амбасадор во Бугарија, Абдурахман Алити, било одлучено штандот да не биде отворен.

Претседателот на ХОТАМ, во изјава за медиумите дадена денеска, одговорноста за скандалот ја префрли на министерката за економија во оставка, Вера Рафајловска, и Секторот за туризам при истото министерство. Според него тие не презеле ништо, иако како што тврди, уште на 15 февруари биле известени од  организаторот на Саемот, приватната фирма „Балкан холидеј“ од Софија дека поради меѓународниот карактер на саемот се обврзани името на нашата земја на штандот да  коренспондира со името усвоено во Обединетите нации.

Според Танески за таквиот допис не биле известени ниту излагачите, ниту  македонското Министерството за надворешни работи, кое треба да реагира во вакви случаи. Танески објаснува дека грците извршиле огромен притисок врз организаторот на саемот во Бугарија Македонија да биде претствена под референцата ФИРОМ.

Македонија 10 години се претствува на саемот во Софија и досега ниту еднаш не се случил ваков инцидент. И покрај силниот грчки притисок, македонските излагачи го промовирале пропаганданиот матерјал, но не на штандот на кој не стоело уставното име на земјава, туку на штандот на Балканската хотелска асоцијација-БАХА. Скандалот предизвикал  огромно интересирање кај бугарските медиуми кои наголемо пишувале за случајот, што според ХОТАМ придонело за уште поголема реклама на Македонија.

OHRIDNEWS